Подземна експлоатација Печати

Рудплан може да развие иновативни методи за да ги минимизира развојните трошоци и да го оптимизира производството во подземните рудници.

Рудплан има знаење во изработка на проекти за подземна експлоатација и операции поврзани со производство на обоени метали и индустриски минерали. Нашите технички податоци за анализа на проектите или рударските операции го покриваат целиот спектар на потреби на модерните и ефикасни операции.

Рудплан работи со клиентите низ многу аспекти на проектот – од опфатни до предфизибилити студии преку физибилити студии, базичен инженеринг, детален инженеринг, подготовка на спецификации за опрема, градежни договори, набавка, управување со конструкцијата и почеток на работата. На барање на клиентот, Рудплан исто така ќе помогне или ќе управува со оперативната фаза.

Експертиза:

  • Моделирање и проектирање рудници
  • Рударски методи
  • Избор на опрема
  • Рударски постројки
  • Вентилација
  • Одводнување
  • Постројки за заполнување и дистрибутивни системи
  • Контрола на теренот
  • Дизајн на окна и подгради
  • Системи за третирање на рудата
  • Проценка на резерви
  • Системи за дробење
  • Оптимизација на системи за транспорт
  • Системи за комуникација
  • Ревизии на рудници