Геологија/истражување Печати

Прецизното познавање на геологијата е суштински елемент за секој успешен рударски проект. Од фазата на истражување до ископувањето, вклучувајќи го суштинскиот чекор на развојот за производство, систематското истражување кое кулминира со цврста геолошка проценка ја овозможува анализата на податоците за одредување на најпогодниот рударски метод.

Рудплан поседува длабинско знаење за анализа на податоците од истражувањето и нашиот геолошки тим е способен да обезбеди врвно проектирање и услуги засновани на обемното искуство во индустријата и преку употреба на напреден софтвер за рударството.  

Експертиза:

  • Геолошки истражувања
  • Проценка на рудни лежишта
  • Класификација на ресурси/резерви
  • Компјутеризирано моделирање на рудното тело
  • Геолошка интерпретација
  • Ревизија на ресурси/резерви