Површинска експлоатација |
Без разлика дали се работи за ископ на железна руда, злато, обоени метали, боксит, фосфати, или индустриски минерали и независно од големината на рудникот и сложеноста на рудното лежиште, тимот на Рудплан е способен за одредување на оптималниот коп врз основа на нашето обемно искуство. Многу конфигурации можат да се проценат за да се постигне оптимален дизајн со употреба на компјутерски симулации. Рудплан внесува иновативен пристап во секој проект притоа помагајќи им на клиентите да бидат конкурентни на светскиот пазар. Се користи компјутерски софтвер за оптимизација на моделирањето на површинскиот коп и за воспоставување на границите на копот. Најпрво се пресметуваат рентабилните граници на копот. Овие лимити се добиваат од нивоата на засеците, соодносот на раскривката и економската вредност на секој блок во рамките на лежиштето. Потоа се додава пристапен пат до копот овозможувајќи му на инженерот за моделирање да ја одреди оптималната патека и да ги минимизира растојанијата за транспорт и соодносот на раскривката. Ова се прави земајќи ги во предвид еколошките, геотехничките и работните ограничувања за да се дојде до вкупен оптимален модел. Експертиза:
|